На дводневниот самит ќе учествуваат шефови на држави и влади, владини претставници, претставници на меѓународни и граѓански организации, како и од приватниот сектор.
Целите на Самитот се поттикнување на заложбите и иницијативите за јакнење на демократијата и одбрана од авторитаризам, борба против корупцијата и промовирање на почитувањето на човековите права, како и претставување на предизвиците со кои се соочува демократијата на глобално ниво и во земјите-учеснички, вклучително и во Соединетите Американски Држави.
Обраќањето на претседателот Пендаровски може да се проследи на линкот: www.state.gov/summitfordemocracy.