Претседателот Стево Пендаровски го прими Ердоган Сарач, претседател на Движењето за национално единство на Турците.

-На средбата се разговараше за положбата на припадниците на турската етничка заедница во државата, како и за нивните заложби и придонес за развојот и напредокот на Република С. Македонија. Припадниците на турската етничка заедница во С. Македонија, заедно со другите етнички заедници даваат активен придонес за градење на рамноправно, стабилно и просперитетно општество, соопштуваат од Кабинетот на претседателот.

На средбата стана збор и за односите со Република Турција, која е долгогодишен пријател и стратешки партнер на Република С. Македонија.