Единствена функционална институција таму, вели, засега е само претседателот Радев, а до 14 декември веројатно ќе се конституира и Парламентот, но со нив не може да се преговара.

Според Пендаровски, ние немаме никаква причина да се плашиме од евентуално „проширување“ на спорот од билатерален во паневропски.

Компромисот, пак, нагласува претседателот, подразбира попуштање од двете страни.

Пендаровски во вечерашното гостување на ТВ Сител укажа дека нашата декларација со ниту еден збор не ја навредува бугарската нација, а нивната е навредлива кон нас на многу точки, дека ние не сме тоа што сме и дека не зборуваме на јазикот на кој зборувам или дека пред 1944 година сме биле нешто друго.

-Она што го зборува Димитров кога вели и јануари, тоа е само зашто не сме сигурни дека во Бугарија ќе има формирана влада. Парламентот сигурно ќе биде формиран до 14 декември, пред Евртоскиот совет. Роковите кај нив се слични како кај нас. Ако некој направи мнозинство, тоа ќе биде во јануари. Но, во јануари се празниците, нема да има никој во Брисел. Инаку, нека стане и повеќе од билатерален спорот, па нека видат и другите европски членки за какви во дел небулозни барања станува збор, велат едни.

Ние немаме никаков проблем за да се плашиме од повеќе Европа во спорот со Бугарија, нека има повеќе Европа, но Бугарија инсистира на строга билатерала.Не гледам греда и да се сложиме на едниот или на другиот пристап, но најмалку 11 па и 12 земји во ЕУ не го сакаат тоа. Немаат намера да се занимаваат со билатерален спор. Европа не сака билатерален спор да претвори во паневропски. Вишеградската група вели – не сакаме увоз на чист билатерален спор, нагласи Пендаровски.

Бугарската страна тврди, дополни шефот на државата, дека кај нас има говор на омраза кон се што е бугарско и дека има бројни примери на дискриминирани етнички Бугари.

-Дајте да разговараме за тоа, не можеме да замижиме еден таков сучај – ако му е земено правото на некој во Северна Македонија или е малтретиран и омаловажуван зашто е Бугарин, рече Пендаровски.

Тој откри и дека претставници на ГДУ во земјава биле два пати кај него.

-Еднаш беа лани и бараа промена на изборниот модел – тоа го поддржав, а беа и десетина дена откако беа кај Радев – зборуваа за тоа што ги мачи и тоа е легитимно. Но, им реков, „направивте една грешка. Бевте прво кај бугарскиот претседател, а потоа кај претседателот на својата земја. Не е логично тоа ако си државјанин на Северна Македонија, нагласи претседателот Пендаровски.