– Доколку сепак во овој педиод се оди со измени, став на претседателот е, тоа да биде со поширок политички и општествен консензус постигнат, не само меѓу власта и опозицијата, туку и со релевантните организации од граѓанскиот сектор. Во врска со најавениот Предлог за измена и дополнување на Изборниот законик, во делот кој би пропишал независните советнички групи да треба да соберат потписи од два проценти од вкупниот број избирачи запишани во една општина, претседателот Пендаровски смета дека треба да се предвиди понизок праг со цел да се овозможи поголемо учество на граѓаните во изборниот процес, наведуваат од Кабинетот на Пендаровски.
Пендаровски: Потребен е помал праг за независните кандидати
П
Претседателот Стево Пендаровски очекува да се почитува препораката на ОБСЕ/ОДИХР непосредно пред избори да нема менување на изборните правила, наведуваат од Кабинетот на претседателот на државата Стево Пендаровски за Радио Слободна Европа на прашањето поврзано со најавените измени на Изборниот законик.