Името на Артан Груби се поврзува со уште еден скандал, а и тој е поврзан со игрите на среќа. Имено, лица блиски до првиот вицепремиер се длабока инфилтрирани во Државната Лотарија на Македонија.
Преписки Пендаровски – ДУИ
Јас сум легалист, ако сакаме да одиме во Европа мора да се однесуваме европски, вели Пендаровски, коментирајќи ја неговата одлука.
ДУИ со остра критика за одлуката на Пендаровски. Оттаму коментираат дека образложението за злоупотреба на европското знаменце е приказна за мали деца. Од Движењето Антикоцкање пак, велат дека претседателот легализирал перење на валкани пари, а во име на европските стандарди го штити сомнителниот капитал.
Реакција на движењето Антикоцкање
„Тотално сме разочарани, се чувствуваме предадени од вашата преземена одлука за недекретирање на предлог законот за игри на среќа, вашата заштитата на криминалот и криминалците во која се задушени од страста на криминалот и класичниот крабеж што му се прави на граѓанинот“, велат од движењето Антикоцкање.
Одлуката на претседателот ја поздравија од Асоцијацијаците на приредувачи на игри на среќа. Оттаму велат дека ова е уште една потврда оти немало правна основа, а со непотпишувањето на указот се заштитени Уставот и европските вредности.