Во Приштина, претседателот Пендаровски со државни и воени почести ќе биде пречекан од претседателката на Република Косово, Вјоса Османи-Садриу по што ќе се одржат тет-а-тет средба меѓу претседателот Пендаровски и претседателката Османи-Садриу и пленарен состанок на делегациите на Република Северна Македонија и Република Косово.
Ќе оствари средби и со претседателот на Парламентот на Република Косово, Глаук Коњуфца и со претседателот на Владата на Република Косово, Албин Курти.
Во рамки на посетата, претседателот Пендаровски во Пеќ ќе ја посети Регионалната команда на КФОР- Запад и припадниците на македонскиот контингент во составот на КФОР.