Пентагон соопшти дека Русија истрелала 600 ракети од почетокот на инвазијата врз Украина, што е значително зголемување, откако во петокот тој број изнесувал 500.
Висок официјален претставник на американската одбрана изјави дека Русија дислоцирала 95 отсто од своите сили кои биле однапред позиционирани за инвазијата во Украина. Тој додаде дека се направени само „ограничени промени на теренот“ во изминатите 24 часа.
– Руските сили продолжуваат со напорите за унапредување и изолирање на Киев, Харков и Чернигов на север и на исток се соочуваат со силен украински отпор, истакна официјалниот претставник, додавајќи дека рускиот конвој северно од Киев и понатаму е во застој.
Во јужниот дел на Украина, Пентагон продолжува да ги набљудува борбите во близина на Керсон, црноморски град што руските сили го зазедоа минатата недела, и Николаев.
Американските и западните власти се загрижени дека Русија се движи кон запад долж брегот на Црното Море поради можен напад врз Одеса, критичниот пристаништен град.