Пешевска посочи дека секоја година власта амбициозно тргнува со мегаломански буџети кои на крај ги ребалансираат и остваруваат едно големо ништо од проектите за граѓаните кои власта ги ветувала.
-Ќе почнам со проекти кои што вие од власта ги ветуваше. Проект со кој што дојдовте на власт беше гасификација. И кога Европа ги зголемуваше средствата за гасификација и заштита на животна средина, во нашата држава СДСМ покрај мегаломанските буџети најголеми во историјата за гасификација и за заштитат на животна средина ги намалуваше средствата, појасни Пешевска.
Пешевски го потсети СДСМ дека во ек на пандемија единствено што направи е тоа што ги качи цените на прехранбените производи и енергетски реагенси. Потрошувачката кошница власта на СДСМ енормно ја покачи со што граѓаните осиромашија.
-Дали водевте грижа за граѓаните во пандемијата, не само за немањето доволно заштитен материјал, за здравствениот персонал, кога немаше доволно кревети, а во моментите кога имаше доволно кревети немаше кислород, вакцини добиваме само како донации. Наместо да покажете солидарност кон своите граѓани, кон оние кои што ве гласале, вие се дрзнавте да исклучувате луѓе од користење на електрична енергија, и тие во време на пандемија седеа во своите студени и темни без струја домови. А, дававте разно разни препораки за витамински терапии како граѓаните да се справат со пандемијата како тоа да е доволно само, рече Пешевска.
Пешевска укажа дека во делот на ребалансот за гасификација конкретно нема никакво зголемување бидејќи износот од 140 милиони денари е ист како буџетот за 2021 година пред овој ребаланс. И ова покажува дека досега немало проекти и за жал од сега за гасификација ќе нема поради неспособната власт.