Во текот на целиот ден во тензичка атмосфера работиме во Собранието. СДСМ се обидува на шферцерски начин да го помине Законот за академија за судии и јавни обвинители со цел да продолжи партизацијата на правосудните органи, стои во Фејсбук статусот на Жаклина Пешевска.
Таа посочи дека таа и сите пратеници на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата остро ќе се спротивстават на ваквите обиди.
– Ќе седиме и дење и ноќе, нема да дозволиме ова да продолжи. Доста е! Ајде на избори па народот да каже што мисли, додава Пешевска во својата објава.