Македонија треба да ја промени својата политика кон Бугарија и да ја ревидира сопствената историја, но да го направи тоа за себе, изјави поранешниот македонски премиер Љубчо Георгиевски во синоќешното интервју во емисијата „24 анализа“.

На ова реагираше професорката Наташа Котлар:

Погледнете го добро овој лик, тој е поранешен премиер на Р. Македонија, кој се чувствува како (Не)Македонец, ама милува да е Бугарин и јавно да изјавува дека требало уште од поодамна да се направи ревизија на „нашата“ историја. Со овој лик ние Македонците немаме „наша“ историја. Но, се согласувам дека уште тогаш во раните 90-ти години, требаше да расчистиме со овој и нему сличните политички, (а)национални, (не)македонски и скрупулозни ликови, докажани во погубната македонска приватизација и (не)демократизација!!! Но, не! Ние македонските простодушни жители на оваа држава дури и можности големи им дадовме! Затоа, не напредуваме како општество, со овие „чувај Боже ликови“, а ги има многу. И наместо, како што вели Г.Прличев:„ од куќите да ги изгонеме со дрво, како што готвачите го гонат кучето од кујната“, наседнавме неповратно – општествено-политички, економски, културолошки и човечки. Читал ликов многу историска литература, па сега ревидира, бугарствува, убива чеснот и достоинство, македонска. Арно, што не читал нуклеарна физика, можеби ќе измислеше некоја нова вонкосмичка сила, што пали и жари! Луѓе учени – СОЦИОЛОЗИ, ПСИХОЛОЗИ, ФИЛОЗОФИ, ИСТОРИЧАРИ, ЛИТЕРАТИ, ПРАВНИЦИ, ЕКОНОМИСТИ и многу други, еве ви тема за анализа, размислување и толкување зошто ние Македонците и ден денес, сме анестезирани и живееме во општествена и културолошка парализа, не напредуваме! Чумата е уште жива и не’ разјадува уште посилно од порано! Затоа, јас се определувам за борба, волја, разум и бестрашност!