Бугарија обвини пет лица вклучени во смртоносниот напад на 13 ноември во Истанбул, за кој турските власти ги обвинија борците од курдската партија ПКК и нивните сојузници во Сирија.

„ПЕТ ЛИЦА СЕ ОБВИНЕТИ ЗА ПОМАГАЊЕ НА ЕДЕН ОД ОСОМНИЧЕНИТЕ ИЗВРШИТЕЛИ НА НАПАДОТ ДА ИЗБЕГА“, ИЗЈАВИ ЗА АФП СИЈКА МИЛЕВА, ПОРТПАРОЛКА НА ГЛАВНИОТ ОБВИНИТЕЛ НА СОФИЈА.

Нивната улога била „логистичка“, рече таа, додавајќи дека обвинителството побарало притвор за четворицата.

Според локалната телевизија, три лица се по потекло од Молдавија, а едно од арапска земја, но не е прецизирано која.

Турските власти го обвинија сирискиот огранок на Курдистанската работничка партија (ПКК) за бомбашкиот напад во Истанбул на 13 ноември, во кој загинаа шест лица, а 81 лице беа повредени. Сепак, ПКК негираше вмешаност во овој напад.

Судот во Турција вчера им одреди притвор на 17 осомничени за организацијата на бомбашкиот напад до почетокот на судењето. Меѓу нив е и 23-годишна жена обвинета дека поставила бомба на клупа во центарот на Истанбул.