Силен земјотрес рано утринава го погоди грчкиот остров Крит, но нема извештаи за штети, јавува Ројтерс.

Земјотресот бил со јачина од 5,5 степени според Рихтеровата скала, соопшти Атинскиот геодинамички институт, а бил почувствуван дури и во Каиро, Египет.

Земјотресот бил на длабочина од 80 километри, соопшти ЕМСЦ.

Издадено е предупредување за цунами и на жителите им беше наредено да се оддалечат од брегот на повисоките места.

Засега нема информации за материјална штета и евентуални повредени.