Гарант на вметнувањето на Бугарите во македонскиот Устав да биде Брисел, предлага бугарскиот премиер Кирил Петков во интервју дадено веднаш по вчерашната средба со премиерот Димитар Ковачевски на безбедносната Конференција во Минхен.
Идејата на Петков е откако Скопје и Софија ќе постигнат решение за ова прашање во форма на заеднички предлог да го достават до Европската комисија како дел од преговарачкиот процес за влез во ЕУ.
-Прашањето сега е многу поинаку, прашањето не е дека една држава притиска, а другата вели не. Планираме до отидеме во Европската комисија со заеднички предлог, што прво е многу различно пред се. Второ, го потпираме на копенхашките критериуми, на принципи на правна заштита на луѓето кои се со наше потекло. Со други зборови, не вклучуваме конкретно билатерално прашање туку вклучуваме принципи кои всушност се во рамките на државите членки на ЕУ. Мислам дека ако Брисел на овој проблем меѓу двете држави гледа како можност да го забрза преговарачкиот процес тоа ќе може да биде искоритено како модел за останатите држави членки од Блаканот што се поканети во ЕУ.