Димитар Ковачевски е една недела премиер на Македонија и од тие осум дена, четири ги помина со бугарската Влада, кажа бугарскиот премиер Кирил Петков, реферирајќи пред бугарските пратеници.

Тој додаде дека во Софија пристигнале голем број министрите од Македонија и би постигнат напредок во голем број сфери.

По никаков начин не ја игнорираме бугарската позиција. Ние зборувавме и за темите што се важни за нас според Рамковната позиција, одговори Петков на прашањето на поранешната министерка за надворешни работи, Екатерина Захариева.

Петков истакна дека премиерот Ковачевски кажал дека не гледа проблем со запишувањето на Бугарите од Македонија во Уставот.

Тој не сподели време кога ова би се случило, но сепак го кажа. Исто така, веќе не зборуваме за 5+1, туку за 4+1 и тоа само за две недели, рече Петков.

Петков нагласи дека заедно ќе се чествува 4 февруари, денот на раѓањето на револуционерот Гоце Делчев.