Како што јави дописникот на МИА од Софија, Петков ги повика сите да гласаат.

Другиот копретседател на новата партија, која според излезните анкети освои најголем број гласови на денешните избори, Асен Василев, ги повика Бугарите во странство да гласаат.

Петков наведе дека уште еден час се гласа и оти не смее да се пропушти шансата. Според него, сите треба да излезат на гласање.

Сега е време, според него, да се покаже дека Бугарија тргнала на патот на промените и нема враќање назад.

Централната изборна комисија на Бугарија претходно соопшти дека во некои делови од земјата се уште има редици и дека денот на изборите таму ќе биде продолжен за еден час.