Како што јави дописникот на МИА од Софија, втората задача на новиот бугарски премиер ќе биде да ја контролира кризата со Ковид-19 во Бугарија, бидејќи појавата на новиот сој на вирусот не смее да ја затвори економијата.

Меѓу првите задачи на Петков ќе биде и спроведувањето на реформата на правосудниот систем во Бугарија. Мотото на владата ќе биде „нулта толеранција за корупцијата“.

-Ќе се формира и парламентарна комисија, изјави мандатарот Петков и додаде дека тој не е задоволен од работата на Главниот обвинител на Бугарија, Иван Гешев, и изрази надеж дека Инспекторатот на Високиот судски совет ќе им помогне да почнат много подетално да разгледаат какви се постигнатите резултати.

„Промената во судството во Бугарија ќе се случи“, додаде тој .

Според Петков, уставните измени се подолгорочна задача во државата.

-Промената на раководството на комисијата за контрола на незаконски стекнатиот имот во Бугарија не бара уставни измени и од тоа тие ќе тргнат, коментираше Петков.