ВМРО-ДПМНЕ уште пред неколку недели предупреди дека Владата преку ОТА набавила опрема за следење на комуникациите за која нема законска рамка.
За нашите индиции и сомнежи дека власта може да нелегално да следи 2 милиони граѓани го известивме ЈО. Реакција уште нема.
Деновиве повторно гледаме дека ОТА е вмешана во сомнителна шема и можна злоупотреба на ингеренциите, при следење на граѓаните.
Од новинарско истражување на грчкото Инсајд Стори и македонската ИРЛ дознаваме дека ОТА уште во 2020 година купила шпионски софтвер за следење на интернет комуникацијата на граѓаните наречен Предатор.
Според истражувањето, новинарите тврдат дека шпионскиот софтвер е набавен како од македонската ОТА, така и од грчката служба.
Во истражувањето се наведува дополнително дека македонската и грчката служба имале неколку средби, по што во 2022 година направиле и нацрт договор за соработка и размена на класифицирани и некласифицирани информации кои произлегуваат од следењето на податоците, а врховно одговорен за ова е Димитар Ковачевски, кој како премиер е одговорен за координирање на овие служби.
До потпишување на Договорот не дошло само заради шпионската афера која ја потресла Грција, во која беа обелодените информации дека нелегално се следени политичари и други јавни личности.
Овој софтвер кој го поседува ОТА е проблематичен и за самиот НАТО. Користењето на истиот е потенцијална закана за нелегално следење на илјадници граѓани и нивната интернет комуникација.
Уште еднаш го повикуваме ЈО, да постапи по нашите барања, а дополнително на тоа да постапи и по најновите индиции за можна шпионска афера со софтверот за следење Предатор.