Тоа што Филипче не побара оставка од Акиов е доказ дека тепањето во Кочани е негово сценарио. Вчера кажавме дека Венко Филипче го скроил планот за дестабилизација во Кочани заедно со Заев во Дубаи. Како дел од тој план е и тепањето во кочанскиот Совет, вели Бране Петрушевски, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ.

-Аки Акиов, тепачот од Кочани е човек на Заев и Филипче. Тепачот на Филипче имаше една единствена цел, да ја разгори омразата во Кочани, која СДС преку партиски прес-конференции и соопштенија со денови ја зовриваат. СДС целно оди кон дестабилизација во Кочани. СДС ја злоупотребува трагедијата и траорот на луѓето, за ситни политички поени, рече тој.

Петрушевски порача дека втората фаза на планот на СДС е да продолжи тензијата во Кочани и да продолжи насилството.

-Заев и Филипче мислат дека доколку се создаде хаос, тие како опозиција ќе добијат глас повеќе. И Заев и Филипче се лажат. Ниту ќе добијат глас повеќе, ниту некој им верува. Прочитани се, истакна пратеникот.


Извор: Курир