Оваа година, брендот продолжува со пробивање на границите , рефлектирајќи ги аспирациите на помладата генерација: свет каде што секој може да биде сигурен во себе.
Храбра покана да се излезе од рамките на секојдневието и да се слави животот во поинаква смисла. Зачекорете во Пако галаксијата и придружете се на интергалактичката забава, каде што секој е поканет и каде што можете да бидете тоа што сакате и како се чувствувате, без разлика кој сте и во каков свет живеете.
Футуристички ароматичен парфем, произлезен од луксузното мајсторство и новата технологија која ја нуди Пако. Креативниот процес на бирањето на аромите и мирисите е за чувството на енергија и моќна самодоверба. Она кое му треба на секој маж.
Храбар мирис со ноти на кремава лаванда, енергичен лимон и дрвенеста ванила. Радикално различен и тотално изненадувачки, PHANTOM епрвото шише што остварува комуникација со вас преку вашиот телефон. Едноставно , вклучете ја NFC – опцијата на вашиот смартфон , доближете го телефонот до шишето и влезете во универзумот на PHANTOM. Шишето е во облик на сребрен робот, а со поврзувањето влегувате во димензија на интерактивни филтри, персонализирани плеј – листи, игри, поинаква реалност…
Заедно со новиот парфем доаѓа и нова кампања снимена за PHANTOM од наградениот режисер Антоан Бардо Жакет. Брендот оди еден чекор понатаму, измислувајќи ги сите идни забави.
Придружете му се на Пако – херојот (Дејвид Трулик) и неговиот стројник PHANTOM за дружби и запознавања во кул ретро – футуристички универзум. Дали е 1982 или 2062 година?
Пако – галаксијата позајмува моменти и од поп – културата и од научно – фантастичните класици. Сетот е инспириран од куќа со модернистичка архитектура во Палм Спрингс , каде што се одвива гламурозна, шик забава со флертување и сензуален танц. PHANTOM – мирис на новиот свет што прави да се чувствувате секси, моќно, енергично и храбро. Затоа што, за Пако Рабан, иднината не е фантазија, туку е сегашност.
Иновативната модна куќа на Paco Rabanne, која беше основана во 1966 година, се истакнува по авангардната визија уште од најраните колекции што зрачат со неговите идеи за предизвикување на класичните кодови, преку уметничкиот радикализам од шеесеттите и употребата на неконвенционални материјали, како метални жици и решетки.
Со доаѓањето на Џулиен Досена како уметнички директор во 2013 година , модната куќа доби обновена младешка енергија. Досена го искористи исконскиот ДНК на Пако Рабан, со тоа што го пренамени за новата генерација.
„КРЕАТИВНОСТА НЕ ЗНАЧИ ПРИВЛЕКУВАЊЕ,ТУКУ ИЗНЕНАДУВАЊЕ“ – ПАКО РАБАН (1995 ) paco rabanne PHANTOM the new fragrance for men