Пожарот избувнал во дворот на 63-годишен жител на Габрово, а потоа се проширил кон улицата. Огнот е изгаснат без повредени, а алкотестот покажал 2,04 промили алкохол.
Жител на струмичкото село Габрово е приведен откако, според информациите на Министерството за внатрешни работи, предизвикал пожар во својот двор, кој потоа се проширил и на улицата каде што живее.
Инцидентот се случил синоќа околу 22 часот, кога полициски службеници од СВР Струмица го забележале 63-годишниот Б.К. од Струмица, кој престојувал во селото, како го предизвикува пожарот.
На местото веднаш интервенирала екипа на Територијалната противпожарна единица Струмица, која успеала да го локализира и изгасне огнот. Во пожарот нема повредени лица.
По приведувањето, кај мажот било извршено алкотестирање, при што дрегерот покажал 2,04 промили алкохол во крвта.
За случајот е известен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струмица, а по целосното документирање на настанот против осомничениот ќе биде поднесена соодветна кривична пријава.
Извор: Плусинфо
