Среде ноќ на улица во Тетово пронајдена жена во безсознание. Била пренесена во тетовската клиничка болница, а кога се освестила почнала агресивни да се однесува кон персоналот и другите пациенти.
– На 27.06.2026 во 03:57 часот во СВР Тетово било пријавено дека на улица „Борис Кидрич“ во Тетово, кај угостителски објект имало женско лице во бессознание. Лицето со возило на Итна медицинска помош било пренесено во Клиничката болница Тетово, каде е утврдено дека се работи за Г.Ш. (41) од скопско, која била под дејство на алкохол, информираа од МВР.
Откако ѝ била укажана медицинска помош, таа почнала да се однесува агресивно кон вработените и пациентите, по што е приведена во ПС Тетово, каде со алкотестирање и се измерени 1,52 промили алкохол во крвта.
По документирање на случајот против неа ќе биде поднесен соодветен поднесок.
Извор: СкопјеИнфо
