99,16% од електроснабдувањето во земјата е вратено во Шпанија и Португалија.
Снабдувањето со струја речиси целосно обновено на Пиринејскиот Полуостров
Снабдувањето со електрична енергија во Шпанија и Португалија е речиси целосно обновено. Ова следува по големиот прекин кој вчера го парализираше Пиринејскиот Полуостров. Шпанскиот мрежен оператор REE соопшти дека од 6 часот утрово, 99,16% од електроснабдувањето во земјата е вратено.
Видеото од целосната апокалипса синоќа може да го погледнете во продолжение:
This is what a power outage in Europe looks like: subways and airports are down, and the streets are in chaos.
According to the latest information, the power outage affected not only Spain and Portugal, but also parts of France, the Netherlands, and Belgium. What exactly… pic.twitter.com/DXrwlb5i26
— Jürgen Nauditt 🇩🇪🇺🇦 (@jurgen_nauditt) April 28, 2025
Во Португалија, според националниот оператор E-Redes, околу 95% од 6,5 милиони корисници повторно имаат струја, јави португалската телевизија RTP.
Милиони домаќинства останаа без електрична енергија
Милиони домаќинства останаа без електрична енергија, а последиците беа чувствителни: семафори не работеа, комуникациските мрежи беа прекинати, а многумина останаа заглавени во лифтови. Граѓаните револтирани објауваа видеа од тоталната нефункционалност на градските системи бидејќи буквално сите работи не работи. Шпанија прогласи вонредна состојба.
Прекинот бил предизвикан од ненадејна загуба на 15 гигавати електрична енергија во шпанската мрежа за само пет секунди, што довело до дефект во интерконекцијата меѓу Шпанија и Франција. Од REE велат дека европските мрежи не се дизајнирани за да се справат со вакви драстични флуктуации, што предизвикало колапс на целиот систем. Пиринејскиот Полуостров повторно доби струја, а останува да се видат причините зошто снема струја.