СОНК Гази Баба со поддршка на разрешувањето на директорката на ЈУДГ „Детска радост“.

Општина Гази Баба ја информира јавноста дека во текот на вчерашниот ден до градоначалникот Бобан Стефковски е доставено писмо – Поддршка на Одлуката за разрешување на директорката на ЈУДГ Детска радост од страна на Синдикатот СОНК Гази Баба.

Во писмото се вели:

Почитуван градоначалник,

По повод прес конференцијата на која објавивте разрешување на директорката на детската градинка Детска радост, заради низа на нерегуларности кои таа ги направила во текот на своето работење, како Синдикат за образование, наука и култура – СОНК Гази Баба, Ве поздравуваме и Ви ја даваме целосната поддршка. – се вели првиот дел од писмото на СОНК Гази Баба упатено до градоначалникот Стефковски.

Во вториот дел од писмото, синдикатот нотира и други нерегуларности поврзани со работењето на директорката од самиот почеток на нејзиниот мандат. Синдикатот сведочи за притисок врз вработените за потпишување на изјави и непрофесионално однесување кон вработените од страна на директорката.