Македонската женска кадетска репрезентација ќе игра на Европското првенство во 2027 година. Овој голем успех беше заверен откако со победа над Грција од 18-13 (9-8) ги заврши квалификациите и го осигура своето место на континенталниот собир.
Избраничките на Славиша Димитријески одиграа одлично второ полувреме. По израмнетите 11-11, Македонија направи серија од 4-0 и поведе со 15-11, предност што се покажа како клучна за конечниот триумф.
Претходно, македонските кадетки го совладаа и Косово, а загубија од Литванија, па со две победи и еден пораз успешно го завршија квалификацискиот турнир.
Ангела Опетческа со пет гола од шест обиди беше најефикасна во македонскиот состав во триумфот против Грција.
