„Гласот што го слушаме – македонско најдобро“ ја збогати социјалната комуникација со земјоделците
На трибината што се одржа во општина Гевгелија, министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Цветан Трипуновски, истакна дека плодната дискусија ја потврди успешната соработка меѓу државата и земјоделците.
„Гевгелија е пример како се развива земјоделството. Согласно податоците, имаме близу 3.000 регистрирани земјоделски стопанства и над 700 договори за користење на околу 2.800 хектари државно земјоделско земјиште“, рече Трипуновски.
Министерот потенцираше дека бројките се доказ дека кога државата и земјоделците работат заедно, резултатите се видливи.
„Минатата година за мерката ‘зелена нафта’ аплицирале над 890 земјоделци, со вкупна поддршка од близу 8 милиони денари“, додаде тој.
Предизвици и можности за дополнителна поддршка
„На трибината разговаравме за предизвиците, но и за можностите за дополнителна поддршка. Стабилно, конкурентно и одржливо македонско земјоделство е целта на која работиме“, истакна Трипуновски.
Министерот подвлече дека кампањата „Гласот што го слушаме – македонско најдобро“ има за цел директна комуникација со земјоделците и зајакнување на поддршката за развој на секое стопанство во државата.
