Прославата која се организира во моменти кога поради пописните резултати во Албанија македонското движење во оваа земја е во тешка криза, пренесе Експрес.
Сенародниот собир ќе се случи утре наутро во пограничниот регион Голо Брдо во близина на граничниот премин Џепиште на македонско-албанската граница кај Дебар.
Прославата ја организираат повеќе македонски активисти објави друштвото на Македонците од Албанија,,Преспа”.
,,Ве известуваме дека во областа Голобрдо, село Требиште, се организира семакедонска средба по повод 2 август, македонскиот празник Илинден, денот на македонското востание за слободна и независна Македонија. Прославата ќе биде збогатена со културна и фолклорна манифестација каде ќе има настап и познатиот пејач Круме Спасовски”, стои во објавата на семакедонската средба во Голо Брдо.