Министерството за внатрешни работи распиша меѓународна потерница по 41-годишниот Александар Лазаров од Кочани. Тој се бара откако избегал од Полициската станица во Кочани. Лазаров е син на Методи и Даринка, се наведува во објавената потерница.

По него е распишана и централна потерница. Потерниците се распишани по барање на Основниот суд во Кочани. Тој се бара поради кривично дело според член 215, став 1, во врска со член 22 од Кривичниот законик. МВР продолжува да трага по него.