„Бинанс“, најголемата светска платформа за тргување со криптовалути, објави дека нејзиниот финансиски директор Кајзер Нг ја напушта позицијата и ќе биде заменет од Џастин Јек, само неколку дена откако хакерите украдоа криптовалути во вредност од 6,3 милијарди долари од платформата.
„Кајзер Нг одлучи да започне нов потфат по повеќе од пет години во „Бинанс“, со план за транзиција имплементиран во текот на изминатите шест месеци. Му посакуваме се најдобро во неговото следно поглавје“, рече копретседателот на компанијата Ји Хе, според „Блумберг“.
Нг се приклучи на компанијата во јануари 2022 година, а пред тоа работеше на друга крипто берза, „Кракен“, околу пет години.
