Фудбалерите на Реал Мадрид ја победија Валенсија на „Местаља“ со 3:0, во натпреварот од 12-тото коло на Ла Лига.
Прво, Валверде ја погоди мрежата на Димитриевски со одличен удар во 28-та минута, а осум минути подоцна реализираше и и Гулер.
Мбапе се закани неколку пати во продолжението, еднаш со спектакуларни ножички, и конечно постигна гол во 75-та минута по додавање од Гулер.
Набрзо, Французинот изнуди црвен картон за Гаја во 79-та минута.
Македонскиот репрезентативец Столе Димитиревски беше најдобриот играч на Валенсија. Со неколку одбрани спречи неговиот тим да доживее вистински дебакл.
Реал е израмнет со Барселона на врвот на табелата, имаат по 30 бода, а Блауграна има натпревар помалку.
Валенсија продолжува да се мачи и моментално е претпоследна со само девет бода.
‼️AGRESIÓN DE DIMITRIEVSKI A MBAPPÉ‼️
El VAR dormido 😴 una vez más. https://t.co/YYmBmfhg4D— ManyMontero🇨🇺🇪🇸 (@manylamborg) November 7, 2026
