По клучната средба меѓу премиерите Стармер и Мицкоски во мај, Обединетото Кралство и Македонија воспоставија Стратешко партнерство фокусирано на долгорочна политичка, економска и безбедносна рамка, која има за цел да ја продлабочи соработката и да ја засили стабилноста и просперитетот во двете земји.
Како дел од ова, Обединетото Кралство и Македонија потпишаа меѓувладина соработка за реализација на клучни инфраструктурни проекти во Северна Македонија. Оваа соработка беше дополнително зајакната од двајцата премиери на Берлинскиот процес, кој Обединетото Кралство го организираше во октомври оваа година.
Дополнително, двете земји соработуваат преку Заедничката работна група за миграции за борба против нерегуларната миграција и организираниот имиграциски криминал, со што се зајакнува безбедноста и се таргетираат криминални мрежи.
Стоиме цврсто со нашиот сојузник во НАТО – Македонија – во унапредувањето на просперитетот, безбедноста и економскиот раст.

