КУРИР денес објави за ужасна случка во Битола кога на човек наместо вода ми била дадена течност од која му изгореле органите.
Веста можете да ја прочитате на следниот линк: Секој ден нов хорор во Македонија: Маж се бори за живот откако наместо вода му дале да пие течност која му ги изгорела органите!
Иако настанот се случил пред три дена, полицијата досега молчеше за случајот. По нашата објава, го потврдија скандалозниот настан.
– На ден 21.3.2023, околу 15:30 часот, во СВР Битола, Л. Б. од Битола пријавила дека на нејзиниот брат А. Т. (42) од Битола му се слошило откога испил кафе и вода во угостителски објект во Битола по што бил пренесен и задржан во Клиничката болница во Битола, информираат од МВР.
Според пријавеното, А. Т. испил кафе и побарал пакувана вода, а кога ја испил течноста, му се слошило.
За настанот е запознаен јавен обвинител, а увид извршила екипа на СВР Битола.
-Се преземаат мерки за расчистување на случајот, информираат од полицијата.