Државната матура оваа година ќе се оддржи поинаку за разлика од изминатите години, според посебни протколи за заштита од Ковид-19.

Протоколите се следни:

-Најмногу 15 ученици ќе биде дозволено да бидат во училница, самите училишта ќе предложат по колку можат да сместат на испитите и во некои бројот ќе биде помал од овој максимум;

-Ќе има околу 2000 тестатори и околу 300 набљудувачи, кои се вакцинирани;

-За матурантите кои на испитите на 5 и 11 јуни ќе имаат коронавирус или ќе бидат во изолација, овозможени се дополнителни термини на 25 и 28 јуни, со приложување потврда до училишните комисии.

По полагањето на екстерните, матурантите до крајот на месецов ќе ги полагаат и двата интерни испита во училиштата, а покрај нив имаа и обврска за изработка на проектна задача која, според календарот, се реализираше од 15 март до 30 април.

Учениците кои го завршуваат средното образование и се пријавени за државната матура, утре од 10 часот ќе го полагаат првиот екстерен испит – мајчин јазик.