Сојузниот канцелар на Германија Шолц пристигна во Бугарија, јави дописникот на МИА од Софија.

Посетата на Софија ќе ја започне со средба со бугарскиот премиер Кирил Петков, на која ќе присуствува и шефицата на бугарската дипломатија Теодора Генчовска, по што ќе биде примен од претседателот Румен Радев.

Според бугарските медиуми, Шолц доаѓа во Бугарија директно од Северна Македонија во обид да ги одмрзне односите и да ги поддржи напорите за надминување на проблемите во бугарско-македонските односи.