Додека Трамп го чисти патот за негово повторно враќање во Белата куќа, расте притисокот врз актуелниот претседател Бајден да се повлече од изборната трка.
Чак Шумер, лидерот на демократите во сенатот, Хаким Џефрис, лидерот на демократите во претставничкиот дом, и неговата поранешна претседателка Ненси Пелоси директно ја изразиле својата загриженост дека не само што ќе ја загуби Белата куќа, туку Бајден ќе ги наруши и шансите на партијата да го врати мнозинството во претставничкиот дом на изборите на 5-ти ноември. И јавниот молк на Обама се толкува на сличен начин.
Настапите на Бајден се откажани, бидејќи тој е позитивен на корона. „Ројтерс“ пренесува дека Бајден сериозно размислува за повлекување на кандидатурата.