Само еден ден по крвавиот напад во училиште во југоисточна Турција, земјата ја потресе нова трагедија. Денеска вооружен напад се случил во основно училиште во градот Кахраманмараш, при што загинале четири лица, а повеќе од 20 се повредени.
Според информациите од локалните медиуми, нападот се случил околу 13:30 часот во основното училиште „Ајсер Чалик“. Меѓу загинатите се наставник и самиот напаѓач, потврди гувернерот на покраината Кахраманмараш, Мукеррем Унлуер.
Најмалку 20 лица се здобиле со повреди, од кои четворица се во критична состојба. Според телевизијата НТВ, напаѓачот бил ученик во осмо одделение во истото училиште и, наводно, ги таргетирал учениците од петто одделение.
Тој во училиштето дошол вооружен со дури пет парчиња оружје и седум рамки со муниција, кои ги криел во ранец. Неофицијалните информации укажуваат дека оружјето му припаѓало на неговиот татко, поранешен полициски службеник.
Гувернерот Унлуер изјави дека напаѓачот починал откако за време на инцидентот пукал во себе. Засега не е јасно дали станува збор за намерно самоубиство или за последица на хаотичната ситуација.
Веднаш по пријавата за пукањето, на местото на настанот биле испратени итните служби и голем број амбулантни возила, додека полицијата брзо го обезбедила подрачјето. Идентитетот на напаѓачот сè уште не е официјално објавен.
Овој инцидент се случува само еден ден по сличен напад во средно училиште во покраината Шанлиурфа, каде 19-годишник отвори оган и рани 16 лица. Меѓу повредените имало четворица наставници, десет ученици, еден полицаец и вработен во училишната кантинa. Четири лица, двајца наставници и двајца ученици, се здобиле со потешки повреди и биле префрлени во болници во центарот на покраината, додека останатите се лекуваат во локална болница.
Мотивите за двата напади засега не се познати, а истрагата е во тек.
❗️ Gunman opens fire at school in Turkey’s Kahramanmaras — fatalities reported
This is the second school shooting in Turkey within two days
Yesterday, a student attacked a high school, wounding 17 people pic.twitter.com/ImgienCgXf
— RT (@RT_com) April 15, 2026
Kahramanmaraş Ayser Çalık Ortaokulu’na saldırı düzenlendi.
Detaylar gelecek. pic.twitter.com/WRF2fYV6Br
— Kaotik Haber (@kaotikhaber) April 15, 2026
