Тие објаснуваат дека кога вакцината ќе донесе уште една рунда антиген во телото, ќе ги активира мемориските Б-клетки и ќе им овозможи да произведат подобрени, поквалитетни антитела.
Некои американски научници се убедени дека имунитетот по третата доза на вакцината против коронавирус ќе трае со години и тие се убедени дека третата засилувачка доза би можела да биде последна во борбата против оваа чума.
Експертите веруваат дека подолг интервал помеѓу давање на втората и третата доза, од шест до осум месеци, може да обезбеди посилен и долготраен имунитет.