Европската фудбалска федерација (УЕФА) го одложи мечот меѓу АЕК и Динамо Загреб кој вечерва требаше да се одигра во Атина.
Причината за тоа се немилите сцени, хаосот, пресметката меѓу навивачките групи која се случи вчеравечер во грчката престолнина. Истиот го предизвикаа поддржувачите на Динамо Загреб кои допатуваа во Грција да делат своја правда иако УЕФА забрани гостински фанови за овој меч.
Има многу повредени, приведени, еден фан на АЕК и почина, па УЕФА го одложи овој натпревар од третата квалификациска рунда во Лигата на шампионите.