Дерби дуелот од 12. коло во машката ракометна Супер лига се одигра вечерва во Битола, во салата „Боро Чурлевски“. Актуелниот вицепрвак Еурофарм Пелистер славеше победа во дуелот со Охрид со 27-24.
Најефикасен во победничката екипа Е.Пелистер беше Филип Кузмановски кој постигна 11 голови, додека Жарко Пешевски реализира четири погодоци. Во редовите на поразениот тим на Охрид, 11 голови постигна Доминик Мате.
Со оваа победа Еурофарм Пелистер изби на третото место на табелата со 19 бодови, колку што има и Охрид кој сега се наоѓа на четвртата позиција. Еден бод повеќе има второпласираниот Алкалоид, додека лидерот Вардар, кој утре ќе игра против Е.Пелистер 2, има максимални 22 бодови.
