Како добар пријател на Кери Бредшо, Вили Гарсон ги освои срцата на фановите на популарната серија, која за првпат беше емитувана во 1998 година и траеше шест сезони. Гарсон се појави и во двата придружни филмови „Сексот и градот“ и „Сексот и градот 2“, пишува британски Гардијан.
Тој неодамна ја повтори улогата на агент за таленти во продолжението на серијата, под наслов And Just Like That …, која моментално е во продукција.
Не е потврдено како починал, но извори за „ТМЗ“ велат дека се борел со карцином.
Синот на актерот, Нејтен, кого го посвои во 2009 година,му оддаде почест на својот татко во емотивна објава на Инстаграм.
„Те сакам многу тато. Почивај во мир и многу ми е мило што ги сподели со мене сите твои авантури. Горд сум на тебе.“
„Секогаш ќе те сакам, но мислам дека е време да тргнеш во своја авантура. Секогаш ќе бидеш со мене. Ти беше најдуховитата и најпаметната личност што сум ја познавал. Мило ми е што ја сподели твојта љубов со мене. Тоа никогаш нема да го заборавам“.