Оваа информација на социјалната мрежа Фејсбук ја соопшти ССК додавајќи дека загубата за сите кои го познавале е голема.
– Почитувани пријатели, со неизмерна тага соопштуваме дека го изгубивме нашиот колега и пријател, член на управниот одбор на Сојузот, Александар Милошевски. Загубата за сите кои го познаваа е голема, единствена утеха е вечниот спомен на неговите дела и придонес. Почивај во мир Александар, се вели во објавата.