НУ Национална опера и балет со длабока тага и жалење ја прими веста за заминувањето на Вечеслав Поплавски, балетски уметник.
Настапувал во Балетот при МНТ во балетските претстави „Ѓаволеста девојка“, „Дон Кихот“, „Возови“, „Херојска симфонија“ и многу други.
Настапувал во улогите на Хиларион во претставата „Жизел“, Ротбарт во „Лебедово езеро“…
Во рамките на фестивалот „Мајски оперски вечери“ во 1987 година во претставата „Лебедово езеро“ настапил со примабалерината Ала Артушкина, соопштија од Националната опера и балет.