СВР Скопје поднесе кривична пријава против Д.К.(76) од Скопје, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „недозволено изработување, држење и тргување со оружје или распрскувачки материи“.

На 12.04.2022, полициски службеници од СВР Скопје извршиле претрес во домот на пријавениот, при што пронашле и одзеле 24 куршуми, девет рамки од разно огнено оружје, еден револвер „Застава“ R44 без цевка со дрвена рачка и др.