Американскиот бизнисмен во 2009 година беше осуден на 150 години затвор, а затворската казна ја отслужуваше во сојузната држава Северна Каролина.

Според извештаите, смртта на Мејдоф настапила најверојатно поради природни причини. Адвокатите на Медоф во 2019 година побараа негово ослободување поради здравствени тешкотии како проблеми во работата на бубрезите поради рак во одминат стадиум и други хронични заболувања. Сепак, американското обвинителство соопшти дека криминалот на Мејдоф е „без преседан по обем и големина“ во историјата на САД и дека тоа е „доволна причина“ неговото барање да биде одбиено.

Бернард Мејдоф во 1960 година го основал фондот „Бернард Л. Медоф инвестмент секјуритис“, кој подоцна се покажа дека е финансиска пирамида. Од работењето на пирамидата беа оштетени околу три милиони луѓе низ целиот свет, а вкупната сума на загуба беше речиси 65 милијарди долари. Бизнисменот раководел со фондот до крај, до моментот на неговото апсење во декември 2008 година.

Во текот на истрагата тој призна дека во текот на речиси четири децении ги доведувал во заблуда инвеститорите и прикажувал лажни податоци на регулаторите. Некои од неговите жртви изгубија сè, а најмалку едно лице се самоуби поради измамата.

При изрекувањето на предусата, судијата го оквалификува како едно од најтешките финансиски злосторства во историјата.

Мејдоф ги измами не само финансиерите, туку и богатите и славните, на кои им вети дека ќе им заработи милиони. Меѓу неговите клиенти, меѓу другите, беа познатиот продуцент и режисер Стивен Спилберг, актерот Кевин Бејкон и добитничката на Нобеловата награда за мир Ели Визел.

Активностите на Мејдоф се екранизирани во филмот „Волшебник на лагите“ од 2017 година, а чиј лик го игра холивудскиот актер Роберт Де Ниро.

Измамата ја правел според т.н. Понциева шема, според американскиот бизнисмен Чарлс Понци, роден во Италија, кој на почетокот на 20. век организирал слични пирамиди во Канада и во САД.