Денеска почина Душко Миновски, социјален работник и прв претседател на Комисијата за заштита од дискриминација.
Миновски за македонската јавност беше познат како човек кој за македонското општество има придонесено во насока на сузбивање на дискриминацијата, како теренски работник и како човек кој има помогнато на голем број луѓе кои се маргинализирани, дискриминирани или социјално загрозени.