На 54-годишна возраст денес почина италијанскиот фудбалски агент Мино Рајола.
Од многубројните свои клиенти, Рајола ги застапуваше интересите и на Златан Ибрахимовиќ, Пол Погба, Ерлинг Халанд, Џанлуиџи Донарума, Матијс де Лихт, Марко Верати, Хенрих Мхитарјан…
Во јануари беше објавено дека Рајола е итно хоспитализиран во Милано, но гласините подоцна беа демантирани од неговото опкружување: „Мино беше на рутински медицински преглед со помош на анестезија. Ова е рутинска проверка, немаше итна интервенција“.
Се шпекулира дека Рајола имал проблеми со белите дробови.