Спортската јавност во шок по смртта на познатиот коментатор
На 47-годишна возраст почина Един Авдиќ, најпознатиот спортски коментатор на Балканот. Веста за неговата смрт ја потресе бројната спортска јавност, а пријатели, познаници и спортски работници се простуваат од него со емотивни пораки на социјалните мрежи.
Со години работеше како коментатор на ТВ Арена Спорт, каде беше препознатлив по преносите на кошаркарски натпревари заедно со Ненад Костиќ. Особено ќе остане запаметен по легендарниот пренос на дуелот Босна и Херцеговина – Литванија и изјавата „од паркингот“.
Со текот на годините, тој стана синоним за преносите од Евролигата, НБА лигата и АБА лигата, а беше особено ценет по начинот на кој ги комбинираше стручноста, статистиката и интересните детали од играта. Долги години работеше за „Арена Спорт“, каде беше еден од главните кошаркарски коментатори, а во последниот период имаше и многу успешни емисии и подкасти.
Роден е во 1979 година во Сараево, а своите први спортски чекори ги направил како кошаркар во младинските категории на КК Босна. Подоцна својата кариера ја насочил кон новинарството и коментаторството, каде стекнал голема популарност.
Причината за смртта засега не е позната.
