Инцидентот бил пријавен во СВР Скопје

Дваесет и двегодишна скопјанка пријавила во полиција дека била физички нападната на своето работно место во здравствена установа на подрачјето на општина Аеродром.

Според информациите од СВР Скопје, на 2 јуни 2026 година во 13:30 часот, З.Х. (22) пријавила дека ден претходно, по претходно недоразбирање, лицето З.Ј. агресивно се однесувало кон неа и физички ја нападнало.

Од полицијата информираат дека се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.