Мирко Новосел почина на 86-годишна возраст.

Новосел беше врвен кошаркар, а потоа и тренер, па со право важи за легенда на југословенската и хрватската кошарка, а посебно се памети по успесите во Цибона.

Цибона беше шампион на Евролигата во 1985 и 1986 година со него како тренер, а беше играч и на Цибона.

Успехот на клубот започна со него кога го донесе Крешимир Ќосиќ во 1981 година и стана шампион на Југославија, па во старата земја освоија уште две титули и седум пехари, а на сето тоа доаѓа Дражен Петровиќ и две титули во Евролигата.

Од 2007 година, Мирко Новосел е член на Куќата на славните во Спрингфилд, а ФИБА го вклучи во Куќата на славните во 2010 година, додека во Цибона извесен период беше и почесен претседател на клубот.

Новосел беше и селектор на Југославија на Олимписките игри во Монтреал во 1976 година и освои сребро, а четири години подоцна злато во Москва и бронза во Лос Анџелес во 1984 година.

Со Југославија освои и четири медали на светските првенства – сребро во 1974 година, злато во 1978 година и две бронзи во 1982 и 1986 година.