Таа напиша бројни хитови со најголемите sвезди од музичката сцена на поранешна Југославија. Таа беше член на жирито во музичките шоуа „Операција триумф“ и „Пинкови sвездички“.

Марина е родена на 4 ноември 1953 година. години во Белград.

Радуловиќ за спрските медиуми ја потврди веста за нејзината смрт.

– Вистина е. Не ме прашувај ништо. Ви благодарам за разбирањето, изјавил Радуловиќ

По некои охрабрувачки вести во последно време, дека нејзината здравствена состојба се подобрува, следеше најтажната – Марина не успеа да се справи со болеста

Туцаковиќ во својата кариера соработуваше и е одговорна за успешните кариери на многу локални личности како Цеца, Оливер Мандиќ, Драгана Мирковиќ, Јелена Карлеуша, Лепа Брена, Весна Змијанац, Здравко Чолиќ, Тоше Проески, Жељко Самарџијас, Северина, Неда Украден, Слаѓана Милошевиќ и многу други.