Бебето било ставено на респиратор, а како што се наведува, за време на третманот на корона инфекцијата, што била потврдена кај бебето веднаш по раѓањето, биле применети сите терапевтски процедури потребни за третман на болеста во неонатална возраст во КЦ Крагуевац.
За време на третманот, поради развој на мултисистемска инсуфициенција на сите органи, новороденчето е пренесено на Детската универзитетска клиника во Белград со постојан медицински надзор, а во лекувањето понатаму е направена замена на бубрежната функција и третман на респираторен дистрес, како и секундарна пулмонална хипертензија во неонаталната единица за интензивна нега.
– И покрај примената на ваква терапија нема подобрување, настанува мултисиотемско попуштање што доведува до смрт на бебето, се наведува во соопштението.